Skip to main content

Македонија пред голема енергетска шанса: 12 пати поголем капацитет за гас и американски интерес за „Чебрен“ и „Галиште“

Македонија може значително да ја зајакне својата геостратешка положба и да прерасне во важна енергетска и инвестициска точка на Балканот, порача премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА од Вашингтон.

Како една од најголемите развојни можности за земјата, Мицкоски го издвои поврзувањето со терминалот за течен природен гас во Александруполис и изградбата на северниот интерконектор кон Србија. Според него, со завршувањето на двата проекта, Македонија ќе стане транзитна рута за снабдување со гас кон Централна Европа.

Премиерот очекува проектите да бидат завршени до крајот на 2028 година, по што капацитетот за гас што ќе може да се користи во земјата би бил зголемен за 12 пати.

Зголемениот капацитет, како што објасни Мицкоски, треба да создаде услови за нови инвестиции во гасни електрани, производство на електрична енергија, дата-центри, вештачка интелигенција и високотехнолошка индустрија. Со поврзувањето со соседните земји преку високонапонски далноводи, Македонија може да стане и значајна регионална крстосница за пренос на електрична енергија.

За време на посетата на Вашингтон се разговарало и со Американската финансиска корпорација за развој – ДФЦ, чие портфолио, според премиерот, изнесува околу 200 милијарди долари. Една од темите била можноста за финансирање на хидроенергетскиот проект „Чебрен“ и „Галиште“, како и други инфраструктурни, енергетски и приватни инвестиции во Македонија.

Мицкоски рече дека од американска страна постои интерес за проектот и дека е воспоставен канал за директна комуникација меѓу Владата и ДФЦ.

Како позитивна порака од Вашингтон, премиерот го издвои и односот на Соединетите Американски Држави кон земјава. Според него, американската администрација во Македонија гледа близок пријател во регионот и во Европа, а поддршката останува непроменета и во одбраната и во економијата и инвестициите.

Мицкоски посочи дека се водат разговори со „Рамбл“ и со уште пет компании за изградба на современи дата-центри. Развојната стратегија, според него, треба да се темели на три столба: патна и железничка инфраструктура, енергетика и висока технологија.

Целта е Македонија постепено да се насочи кон индустрии со поголема додадена вредност, кои ќе го зголемат бруто-домашниот производ, ќе отворат поквалитетни работни места и ќе придонесат за повисок животен стандард на граѓаните, истакна Мицкоски во интервјуто за МИА

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetSahabetmarsbahis güncel girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositcasibombahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibomJojobetJojobetJojobetJojobetHoliganbetHoliganbetHoliganbet