Skip to main content

Врховен го објави образложението за „Ласкарци“: Апелација не одговорила конкретно на клучните жалбени наводи

Врховниот суд го објави образложението на одлуката со која ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци и го врати предметот на повторно постапување и одлучување.

Станува збор за второстепената пресуда од 17 април 2025 година, со која на дел од осудените им беа зголемени затворските казни. Барањата за вонредно преиспитување, поднесени од осудените преку нивните бранители, Врховниот суд ги уважи на седницата одржана на 9 септември.

Во образложението се наведува дека Апелациониот суд не дал доволно конкретни одговори на суштинските наводи изнесени во жалбите. Според Врховниот суд, не било детално објаснето како дејствијата на секој од осудените се поврзани со несреќата, ниту врз кои докази се темели нивната кривична одговорност.

Врховен оценил дека и во првостепената пресуда преовладувал описен пристап, со наведување делови од изведените докази, но без доволно образложение за заклучоците на судот. Второстепениот суд, пак, не ги отстранил овие недостатоци, туку на важните прашања одговорил со општи констатации.

Поради тоа, Апелациониот суд при повторното постапување ќе треба целосно да ги разгледа сите жалбени наводи, да ја испита првостепената пресуда во оспорените делови и да донесе нова, правилна и законита одлука.

Со одлуката на Врховниот суд не е донесена нова пресуда за вината на осудените, туку е укината второстепената одлука поради утврдените недостатоци во нејзиното образложение.

Со укинатата пресуда, казните на сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, и на одговорниот за транспорт во компанијата, Ремзи Мифтари, беа зголемени од шест на по десет години затвор. Казните на вработените во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски, беа зголемени од пет на по седум години.

За Јане Боваровски остана казната од пет години, а за возачот на автобусот Маноил Трифуновски – 14 години затвор.

Шестмината беа прогласени за виновни со првостепената пресуда донесена во јануари 2024 година, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Автобуската несреќа кај Ласкарци се случи на 13 февруари 2019 година, кога автобус на „Дурмо турс“ излета од автопатот Скопје–Тетово. Загинаа 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetSahabetcasibom girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositcasibombahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibomJojobetJojobetJojobetJojobetHoliganbetHoliganbetHoliganbet