Skip to main content

Европски дијалози од 29 септември до втори октомври во Скопје

Од 29 септември до 2 октомври 2026 година, во Скопје ќе се одржи голема меѓународна конференција, насловена како „Европски дијалози, eвропско наследство и иднина“, во организација на Францускиот институт во Париз, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Македонија.

Отворањето на „Европските дијалози“ е во вторник, 29 септември во 19 часот во Музејот на современата уметност – Скопје, со изложбата „Солидарноста како иднина“. Изложбата ќе биде официјално отворена од страна на Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи, и Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција.

Четиридневна програма на јавни дебати, предавања, средби, разговори и културни настани, која на едно место ќе собере истражувачи, новинари, активисти, уметници, студенти, дипломати и институционални претставници од Франција, Македонија и други европски земји.

Ова издание, како завршен настан од програмата „Споделени хоризонти“, ќе се занимава со прашањата за заедничкото европско наследство, различните форми на припадност и европските хоризонти. Во фокус ќе бидат прашањата: Каква историја споделуваме? Кои заеднички борби и барања ги имаат европските граѓански општества? И каква иднина предвидуваме за Европската Унија и нејзините граѓани?

Програмата е конципирана во различни формати: од затворени работни сесии и работилници, наменети за учесниците, до јавни дебати отворени за пошироката публика, со што се овозможува и продлабочена интеракција со публиката.

giyimbahsegelJojobetSahabetmarsbahis girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositholiganbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetmarsbahisJojobet Girişcasibom