Skip to main content

Шпанскиот Суперкуп во 2027 година ќе се игра во Истанбул

Истанбул денеска официјално беше промовиран во домаќин на шпанскиот фудбалски Суперкуп во 2027 година.

Градот прв пат во историјата ќе биде домаќин на турнирот, на кој за трофејот ќе се натпреваруваат Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад.

Трите натпревари ќе се играат на три различни стадиони во Истанбул.

Првото полуфинале меѓу Барселона и Атлетико Мадрид е закажано за 2 февруари на стадионот Фенербахче, додека ден подоцна Реал Мадрид ќе се соочи со Реал Сосиедад на стадионот на Бешикташ. Финалето ќе се игра на 6 февруари на стадионот на Галатасарај.

Убедени сме дека Истанбул ќе биде одличен домаќин на Суперкупот“, изјави на промоцијата претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Рафаел Лусан.

Причината за преселбата на шпанскиот Суперкуп од Ријад во Истанбул е совпаѓањето на датумите со Азискиот куп во Саудиска Арабија, која повторно ќе биде домаќин на Суперкупот на Шпанија во 2028 и 2029 година. 

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetSahabetstarzbetcasibomjojobetzbahispusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositbetmoonbahsegel