Skip to main content

Состанок на Работната група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието, Жаклина Пешевска денеска одржа редовен состанок со Работната група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите во Собранието.

На состанокот, како што информира собраниската прес-служба, бил направен осврт на досегашната реализација на активностите предвидени со Акцискиот план и при направената ревизија, Работната група констатирала дека значителен дел од предвидените активности се реализирани, што претставува важен чекор во унапредувањето на рамноправноста и еднаквите можности во рамки на Собранието.

Членовите на Работната група се осврнале на досегашните резултати и ја потврдиле потребата од континуирано следење на спроведувањето на Акцискиот план, со цел навремено исполнување на поставените цели и обврски.

На состанокот биле договорени и идните активности до крајот на годината, со посебен фокус на активностите насочени кон подигнување на јавната свест за превенција и борба против насилството врз жените и девојчињата.

Како дел од планираните активности, предвидено е и одржување на средба и координација со локалните комисии за еднакви можности на жените и мажите. Средбата ќе биде во функција на размена на искуства, унапредување на координацијата и идентификување на можности за заедничко делување на национално и локално ниво, велат од собраниската прес-служба. 

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetSahabetstarzbetcasibomjojobetzbahispusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositbetmoon