Skip to main content

Инклузивна промоција на трите сликовници на Денис Јанкуловски – Космонаутко во Europe House Тетово

Во рамките на дополнителната програма на 14. Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан од Скопје, вечерва во 19 часот во Europe House Тетово ќе се одржи инклузивна промоција на три сликовници на Денис Јанкуловски – Космонаутко. Станува збор за изданијата на „Прозарт“ од Скопје – „Големиот сон“, „Другарко“ и „Другарка, другарко и две маченца“. На промоцијата на сликовниците со илустрациите од Наташа Костовска и Алексеј Костовски ќе настапат повеќе деца од Тетово – Агрон Хајредини, Никола Стојаноски, детскиот хор „Крешендо“, под водство на диригентките Фотини Георгиадис Кировска и Марија Пулковска Здравковска.

Авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко ќе зборува за сликовниците, а присутните ќе имаат можност да слушнат повеќе за омилените ликови Тина – ѕвездата што сонува големи соништа, Другарко, Другарка, Рони и Бони, како и уште многу други Другарки и Другари.

Промоцијата се организира со поддршка од Делегација на Европската Унија и Europe House.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetmultiwinstarzbetcasibomjojobetzbahispusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no deposit