Skip to main content
JDB2dlNujyM
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Одлуките на Врховниот суд се потврда зошто довербата на граѓаните во правосудството е на дното

Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците.Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците. Повторувам, Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци,oбвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во исто време, Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал.

Само во Македонското судство и обвинителство, може за случај во кој гинат 16 луѓе да нема ниту еден одговорен. Истото е случај и со модуларната болница каде загинаа 14 лица а нема ниту еден виновник според правосудните органи.

Дополнително, дали е точна информацијата дека овие судии се блиски до структурите на ДУИ?, праша ВМРО-ДПМНЕ

Одлуките на Врховниот суд предводено од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, доби уште една потврда зошто довербата на граѓаните во правосудството е на дното.

Политичките инсталации на СДС и ДУИ градени со години не исчезнуваат преку ноќ. Тие и понатаму се обидуваат да ги користат последните бастиони во институциите за да го заштитат системот што самите го создадоа.

На Македонија не и треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на СДС и ДУИ. И треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на правдата.

Нема да молчиме и нема да се откажеме. Правда и одговорност мора да има.

Поврзани вести