Skip to main content

Следиме уште неколку случаи на корупција во институциите, откри Мицкоски

Freepik

Се следат уште неколку случаи на сомнежи за корупција во институциите, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски, по последниот случај во кој беше фатен заменик директор од Царина. Мицкоски ги повика граѓаните да пријавуваат доколку од нив се бара мито.

Следиме уште неколку случаи на корупција во институциите и чекаме и тоа, да го земат тоа што го побарале од граѓаните. Ги повикувам граѓаните да пријавуваат! Има пријави на неколку случаи во институции, рече Мицкоски.

Тој не откри за кои институции станува збор, колку лица се опфатени со пријавите.

Поврзани вести