
Утрото по 11 септември, илјадници Иранци се собраа на улиците на главниот град Техеран за да одржат бдеење со свеќи за жртвите во нападот на кулите од Светскиот трговски центар во Њујорк. Според очевидци, бдеењето траело неколку милји.
На најголемиот фудбалски стадион во Техеран, толпа од 60.000 луѓе одржаа минута молчење и рецитираа молитви за убиените, пред почетокот на квалификациски натпревар на Иран за Светското првенство.
Истиот ден, тогашниот ирански претседател, Мохамед Хатами, изјави:
Во име на иранскиот народ и Исламската Република Иран, го осудувам овој терористички чин, кој доведе до убивање на беспомошни луѓе, и изразувам најдлабока тага и сочувство до американскиот народ“.
Врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, исто така коментираше за нападот.
Исламот го осудува масакрот на беспомошни луѓе, без разлика дали се муслимани или христијани или други, каде било и на кој било начин. Сепак, овој чин не треба да се користи како изговор за извршување на каков било напад врз Авганистан, што ќе доведе до уште една човечка трагедија“.

Македонски

