Skip to main content

Мицкоски: Продолжуваме посветено и одговорно да работиме на спроведување на реформите

Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска се одржал состанок посветен на реформската агенда, на кој фокусот бил ставен на конкретните чекори и активности за понатамошно унапредување на институциите и реализација на поставените приоритети.

Во објава на Фејсбук, Мицкоски посочува дека Владата продолжува посветено и одговорно да работи на спроведување на реформите.

-Продолжуваме посветено и одговорно да работиме на спроведување на реформите кои носат подобри услови и поквалитетни услуги за граѓаните – наведува премиерот во објавата.

Поврзани вести