
Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска го привеле А.С. (39) од Германија, откако при проверка било констатирано дека непријавено престојувал во државата.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека А.С. бил приведен во 2 часот на влезот во Куманово.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот против 39-годишникот ќе следува соодветна пријава.

Македонски

