
По вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Фенербахче и Рома што заврши 1:1, тренерот на тимот од Истанбул Исмаил Картал поднесе оставка. Но, претседателот на клубот Азиз Јилдирим реагираше брзо и изјави дека тренерот останува на својата функција.

Тренерот Картал (65 години) оставката ја поднесе на прес конференцијата, со напомена дека повеќе не се враќа. Инаку ова е негов четврти мандат на клупата на Фенербахче, а на оваа позиција е од месец јули. Искусниот тренер направи одличен резултат со тоа што клубот успеа да се избори за настап во главната фаза од Лигата на шампионите. Но, во домашното првенство по четири натпревари има две победи и пораз од градскиот ривал Бешикташ.
Претседателот Јилдрим даде и кусо објаснување за оставката на тренерот објаснувајќи дека за време на натпреварот некои навивачи фрлале со шишиња кон тренерот и го погодиле во глава. Притоа истакна дека имал разговор со тренерот Картал и му пренел дека како негов претпоставен тој треба да продолжи со работата

Македонски

