
Пуштен е во употреба реновираниот оддел за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија во Скопје. Вкупно рекоснтруирани се 891 метар квадратен, а по оваа фаза, следува и реновирањето на покривот и фасадата.

Од слепо црево на Клиничкиот центар, овој објект стана функционална зграда. Целосно е обновен внатрешниот дел на Клиниката, а во следната фаза ќе се реконстгруираат и кровот и фасадата. Од запуштен објект добиваме функционална средина, попријатна за работа на медицинскиот персонал, но што е најбитно, и за пациентите. Напорно работевме покрај просторните услови да го подобриме и капацитетот на лекарите и останатиот персонал, изјави директорот на Клиниката, Јован Божиновски.

Како што информира, веќе се обезбедени 38 финансиски согласности за вработување од кои 25 се веќе реализирани.

Исклучително сум задоволен што уште еден проект е завршен, уште еден објект може да понуди поквалитегни услови за пациентите, нешто што со децении не било помислено да се направи, а еве, се завшри, рече премиерот Христијан Мицкоски по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија.





Македонски

