Skip to main content

Пациентка нападна полицаец во гостиварската болница

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против С.Н.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, соопшти денеска МВР.

Станува збор за инцидент кој се случил во понеделникот во Медицинскиот центар Гостивар, кога, како што соопштува МВР, при примање на терапија, пријавената агресивно се однесувала и физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија. 

Поврзани вести