Skip to main content

Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да се распадне

Facebook/Benjamin Netanyahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време на состанокот со израелските војници стационирани во Сирија, изјави дека иранскиот режим е на работ на колапс, објавија француските меидуми.

Нетанјаху изјавата ја даде во услови на засилена размена на удари меѓу САД и Иран.

„Сè уште имаме работа за завршување, главната задача е да го собориме терористичкиот режим во Иран. Многу сме блиску до тоа. Знаеме дека целата оваа оска (Иран и неговите сојузнички групи во регионот) на крајот ќе се распадне“, рече израелскиот премиер во погранична област лоцирана во близина на сириско-израелската граница.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац, исто така, учествуваше на средбата со војниците.

Израел и САД на крајот на февруари ја започнаа воена кампања против Иран.

„Нема да дозволиме никаква терористичка армија да биде стационирана на нашата граница“, додаде Нетанјаху.

Поврзани вести