
Спортското риболовно друштво „Трофта“ од Дебар на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како маж застанува со возило на мост на реката Радика, од истото вади вреќи и кутии полни со ѓубре и ги фрла со реката.
Ова е реката Радика – една од најчистите и најубавите реки во Македонија. Да фрлаш ѓубре во реката не е „ништо страшно“ – тоа е срам и непочитување кон природата, рибите и нашата иднина. Радика не е место за ѓубре, стои во описот на видеото.

Македонски


