Skip to main content

Застреланиот во Арачиново е познат албански пејач

Фејсбук Азиз Мурати

Скопјанецот кој вчеравечер беше застрелан на влезот од Арачиново е Азиз Мурати, познат пејач на албанска народна музика.

Како што соопшти вчера МВР, ноќта околу 01:50 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив бил донесен А.М.(48) од Скопје со повреди од огнено оружје.

Имено, според пријавеното, тој се здобил со повредите на влезот на с.Арачиново, скопско, откако од возило едно лице кое го познавало, а било во придружба со друго лице, со огнено оружје пукало кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Азиз Мурати е познат албански пејач на фолклорна музика од Скопје, најмногу препознатлив по настапите на семејни веселби и свадби, каде што настапува заедно со својот музички состав. Мурати е долго време активен на музичката сцена и има објавено поголем број албуми и популарни песни.

Поврзани вести