Skip to main content

Путин во телефонски разговор му објаснил на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, соопшти дека претседателите на Русија и на САД Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон за неодамнешните посети на американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер на Москва и Киев.

Телефонскиот разговор траеше точно еден час и беше конструктивен и многу отворен – изјави Ушаков, јави Спутник.

За време на разговорот, Трамп јасно истакнал дека е пожелно конфликтот да заврши што е можно поскоро, со што веднаш би се отвориле „многу значајни и широки перспективи“ за целосно обновување на односите меѓу САД и Русија.

Според американскиот претседател, тоа посебно би се одразило врз трговско-економските односи, кои на двете држави им ветуваат огромна корист. Ушаков наведе дека Трамп е заинтересиран да дојде до пробив за време на неговиот претседателски мандат.

Ушаков истакна дека Путин за време на разговорот му објаснил на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа и дека тврдењата за руската закана се користат како покритие за зголемување на воените расходи во Европа. Како што наведе Ушаков, Путин ја изложил и ситуацијата на фронтот.

– Патем, стана збор и за тоа што Американците реално би можеле да направат за воените дејствија да завршат што е можно поскоро. Разговорот помина во позитивен тон. Претседателите се договорија да останат во контакт и, по потреба, оперативно да се слушаат по телефон – рече Ушаков.

Поврзани вести