
Доколку ви треба идеја за името на вашето идно дете, погледнете ги предлозите според карактеристиките кои ги носи хороскопскиот знак од периодот кога ќе се родат:
Овен
Тие се страствени, имаат натпреварувачки дух и сакаат да си постават цели за да ги освојат.
За девојчиња: Уна
За момчиња: Александар
Бик
Тие се упорни, трпеливи и многу практични. Имаат силни креативни инстикти, приземјени се и многу елегантни.
За девојчиња: Лена
За момчиња: Виктор
Близнаци
Со овој знак ги поистоветуваме интелигенцијата, амбицијата и остриот ум. Близнаците се шарментни и харизматични.
За девојчиња: Софија
За момчиња: Габриел
Рак
Емотивни, чувствителни и емпатични, Раковите имаат силно изразени заштитнички инстинкти. Сакаат да им помагаат на другите.
За девојчиња: Јулијана
За момчиња: Михаил
Лав
Лавовите се горди, храбри и секогаш ги штитат најмилите. Темпераменти се и имаат многу енергија.
За девојчиња: Елена
За момчиња: Максим
Девица
Вредни, обзирни, промислени. На време ги извршуваат своите обврски, многу се практични.
За девојчиња: Мила
За момчиња: Петар
Вага
Диполматски насторени и софистицирани. Имаат око за детали и убави работи.
За девојчиња: Анабела
За момчиња: Јан
Шкорпија
Со Шкорпиите се поврзуваат моќта, страста и харизмата.
За девојчиња: Ана
За момчиња: Григор
Стрелец
Овие лица ја многу ценат својата слобода. По природа се многу оптимистични, полни со самодоверба и со слободен дух.
За девојчиња: Надја
За момчиња: Ивор
Јарец
Јарците ги краси амбиција и пожртвуваност. Многу се дисциплинирани, вредни, одлучни и способни.
За девојчиња: Тара
За момчиња: Емил
Водолија
Слободоумни, со индивидуален пристап во животот.
За девојчиња: Симона
За момчиња: Дамјан
Риба
Тие се многу чувствителни личности, полни со емпатија и сочувстуваат со проблемите на другите.
За девојчиња: Емилија
За момчиња: Јаков

Македонски

