Skip to main content

Пијан 75 годишник ги нападнал братот и снаата

Фото: МИА

На 07.09.2026, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.А. (75) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал неговиот 73-годишен брат и неговата 69-годишна снаа за брат, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,07 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести