
Малопродажните цени на нафтените деривати од полноќ во просек се зголемуваат за 4,89 проценти во споредба со претходните цени утврдени на 31 август 2026 година, стои во денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Најголемо поскапување има кај дизелот. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС се зголемува за 6,00 денари по литар, со што новата цена ќе изнесува 101,00 денар за литар.
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за по 3,00 денари по литар. Согласно тоа, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 97,00 денари за литар, додека новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 99,00 денари за литар.
Одлуката ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 8 септември 2026 година.

Македонски



