
Владата на Јамајка ќе поднесе петицијадо на британскиот крал Чарлс во врска со исплата на репарации за ропството, за Би-Би-Си изјави министерката за култура на земјата, Оливија Грејнџ.
Петицијата ќе бара од кралот, кој е шеф на државата на Јамајка, да му постави на Судскиот комитет на Тајниот совет, највисокиот суд на островската нација, три прашања за легалноста на поробувањето на луѓето во Јамајка.
Прашањата се однесуваат на тоа дали поробувањето на Африканците во Јамајка било легално според англиското право, дали го прекршило меѓународното право и дали Велика Британија сега има законска обврска да обезбеди компензација.
Тоа би можело да го отвори патот за долгоочекуваното решение „за стотиците години на најстрашната злоупотреба што ја претрпеле нашите африкански предци“, изјави Грејнџ.
Таа, исто така, ќе се сретне со претставници на Британскиот музеј за да разговара за враќањето на артефактите земени за време на колонијалната ера.

Македонски



