Skip to main content

Приведен 38-годишен човек од Македонски Брод, предизвикал пожар во селото Брезница

ДЗС

Полицијата приведе 38-годишен маж од Македонски Брод постапувајќи по пријава дека вчера (5 септември) околу 10:00 часот предизвикал пожар во село Брезница.

На 05.09.2026 полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.Т.(38) од Македонски Брод, постапувајќи по пријава дека на 05.09.2026 околу 10:00 часот предизвикал пожар во с.Брезница, Македонски Брод, така што од искрење на бензински тример за косење, во близина на неговата куќа во с.Брезница, настанал пожар кој се проширил кон соседните имоти – соопшти МВР.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа од ЈП „Национални шуми“ и локалното население. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести