
Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 проценти споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој истакнува дека се завршени работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра и оти растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија.
– Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: автопати, експресни патишта, железница, над 1200 проекти во општините, аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо. Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот. Ја градиме Македонија – напиша заменик претседателот на Владата, Николоски.

Македонски


