Skip to main content

„Жените и уметноста“ – проекција на 5 кратки филма за пет македонски уметници и нивните творечки приказни

Пет кратки филмови посветени на творештвото и професионалните патишта на пет македонски уметници ќе бидат прикажани на 10 септември 2026 година во Францускиот институт во Скопје, во рамките на проектот „Жените и уметноста“.

Проекцијата ќе се одржи во четврток, 10 септември, од 16:30 до 17:15 часот, а Францускиот институт во Скопје за првпат ќе ги претстави петте кратки филма создадени во рамките на проектот.

Во фокусот се Билјана Тануровска, Ивана Трајаноска, Јана Луловска, Тамара Котевска и Дина Дума – пет авторки со различни професионални и творечки патишта, чие дејствување е значаен дел од современата македонска уметничка и културна сцена.

Филмовите се реализирани од Ана Алексовска и Симон Гегај, кои преку филмскиот медиум ги претставуваат нивните творечки светови, професионални искуства и погледи кон уметноста.

По проекцијата ќе следува разговор со уметниците, во кој публиката ќе има можност да дознае повеќе за нивните професионални и творечки патишта, искуствата со кои се соочуваат, предизвиците во нивната работа, но и за местото и улогата на жените во современата уметност.

Настанот е дел од Денот на отворени врати на Францускиот институт, кој ќе се одржи на 10 септември со целодневна програма.

За присуство на настанот потребна е резервација.