Skip to main content

Денеска е Свети Тадеј: Направете една работа за која се верува дека го штити домот од несреќа

Еден од седумдесетте апостоли, а не оној Тадеј кој беше од Дванаесеттемината. Свети Тадеј прво го виде и го слушна свети Јован Крстител и прими крштевање од него, а потоа Го виде Господa Исусa и Го следеше Него.

Господ го вброи помеѓу седумдесетте помали апостоли, кои ги испрати двајца по двајца пред лицето Свое (Лк, објави 4news.mk 10,1). Пo Своето славно Воскресение и Вознесение, Господ го испрати Тадеј во Едеса, која е родното место на Тадеј, според ветувањето што му го даде на кнезот Авгар кога му ја испрати крпата со Својот лик на неа (откако се избриша).

Штом ја целиваше таа крпа Авгар се излечи од лепрата, но не сосема, туку малку лепра му остана на лицето. Кога свети Тадеј му се јави на Авгар, овој го прими со голема радост.

Апостолот го поучи во верата и го крсти. Кога излегуваше од водата на Крштението, остатокот од лепрата на неговото лице спадна и тој стана сосем здрав.

Кај народот, овој празник е особено поврзан семејството.

Верниците за среќа на саканите и за нивно здравје, денес треба да се помолат.

Се верува дека денес треба да се оди во црква, да се запали свеќа и да се каже искрена молитва за најблиските.

Многу верници го користат денешниот ден за да се молат за своите родители, деца, сопружници и други драги луѓе.