
Целосно стојам зад одлуката за продажба на Стопанска банка Ад Битола и сум подготвен да ја бранам секаде, рече гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во вчерашното гостување на телевизија „Телма“ во емисијата „Топ тема“.
Замолувам интерпелација и надзорна да ја стават ургентнно на дневен ред, минатата година после неуспехот за продажба на Стопанска банка, Комерцијална беше подготвена да ја купи, а таа беше на стаклени нозе 5 години под супервизија, акционери не можеа да одржат собрание, беше нефункционална, не постигна Комерцијална договор, покрај неа имаше и Банка од Унгарија која правеше due deligenc. Стопанска имаше проблеми во надминување на лимит, сопственик на црна листа, банката беше одржлива на многу краток рок, ние ја држевме, немаше иднина на среден рок, да не ја направевме продажбата до сега Стопанска не ќе постоеше, ќе бевме во ситуација да се активира Фонд за осигурување на депозити на депозити, нешто што беше случај со Еуростандард, вели Славески.
На прашањето дали Давор Мацура е сопственик на „Алта банка“, Славески вели:
Не е Мацура сопственик на „Алта банка Битола“, а „Алта Банка Белград“ е сопственик, и тоа е тука македонска банка регистрирана во РМ.
Славески објасни дека акционерот е или бил „Алта Банка Белград“ која била проверена од македонските надлежни институции и важно беше дека имаа лиценца од НБ на Србија.
Не можам да знам дали некој стои зад името на Мацура и дали тој е вистинскиот сопственик, бевме убедени дека банка која работи успешно во Србија, регулирана од нивната ЦБ, позитивни финансиски извештаи, ги задоволува условите да стане акционер во наша банка во услови кога имавме банка пред пропаѓање; не знам во колкав процент и кој е сопственикот“, кажа Славески.

Македонски




