Skip to main content

УХМР со прогноза за следната недела

Времето утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на слаба локална нестабилност, соопшти УХМР.

Потоа до средината на следната работна седмица времето ќе виде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот. До понеделник ќе дува севетозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 километри на час.

Од вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.

Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од 10 до 20, а максималните дневни од 27 до 38 степени.

Поврзани вести