
Прославата на 35-годишнината од независноста на Македонија продолжи синоќа со програмата под мотото „Најдоброто од Македонија“. На платото пред „Т Арена“ во Скопје се собраа голем број љубители на македонската музика, а на сцената настапија познати домашни изведувачи.


Публиката имаше можност да ги слушне Дина Јашари, „Фанк Шуи“, „Суперхикс“, Слаткаристика и „2 Бона“, кои настапија со песни од различни музички жанрови.


На сцената се сменија алтернативен, инди, ска-панк, хип-хоп и трап звук, а во публиката имаше луѓе од различни генерации.


Македонски


