Skip to main content
5v4loZklwHY

Ако Заев ги донесеше Гугл и Фејсбук, вода ќе земаа од Фурка, а струја од фирмата на син му Душко

Народе народе народе, чујте и почујте-Венко Филипче го дознал планот на власта за распишување на предвремени избори. На власта и требало алиби за распишување предремени избори, Власт која има безмалку двотретинско мнозинсто ќе се служи со шибицарски финти и со помош на ДУИ ќе ја блокирале работата на Парламентот и така ќе предизвикале предвремени избори.

Добро кој ви ги прави овие филмови: Ако е српска продукција може да ве разберам, само и тие какви совети и даваат на српската опозиција, ќе се усреќат, Вучиќ им води 3-1. На Филипче му е сеедно кога ќе има избори, дали биле предвремени или редовни. Ќе изгуби и така и така. Ама по се мислаам дека ова е локално филмче што му го прават на Венко ликови како Фрчко мали и Богданка. А со нив успехот е загарантиран, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Среде дебатата која се води дали во Македонија требало или не да се градат дата центри ми текнува на една славна изјава на Заев кога беше пуштен на најако. Зоки нобеловац ветуваше дека Гугл и Фејсбук доаѓаат во Македонија и оти ене ги чекаат на Табановце. Што мислеше тогаш Заев од каде се снабдуваат со вода и струја серверите на Гугл и Фејсбук. Гарант мислеше дека струја ќе земаат од фирмата на син му Душко. Да врти парата. А вода директ од Паљури, таму ќе средеше со другар му Ципрас. Со него беа вака. Бизнис и плежр.

Духовите од минатото повторно бдеат над Балканот. Карти на Голема Бугарија, УЧК, закани за војни. Ви звучи познато. Се е исто, само глумците се различни. Бугарски националисти извадија карта од Првото бугарско царство со територијални претензии на Балканот, најголем дел во денешна Грција и цела Македонија.

„ВРАТЕТЕ ГИ НАШИТЕ ТЕРИТОРИИ!“. Извикуваа овие националисти. Прекрасно. Во Бугарија и денеска децата учат од картата на Санстефанска Бугарија во која е Македонија до Охридското езеро. Е со овие треба да имаме добрососедски односи и да ги внесеме во Устав ако сакаме да поченеме преговори со ЕУ. Дека ова е државна политика а не поединече инцидент на некои пациенти ,ни повтори и бугарската претседателка Илијана Јотова. На прославата на Илинденското востание, кое за Бугарите е Преображенско, Јотова порача дека нема зошто да се караме и да делиме бидејќи имаме заедничка историја. Во превод-бугарска. Уште и вели дека нема да се откажат од внесување на Бугарите во Устав. Ако не ги внесеме се знае-вето. Затоа џабе еврокомесарката Марта Кос најавува некаков постепен прием на земјите кандидати. Колку и да е постепен, на крајот на патот ќе не чека некоја Бугарија. А со ликови како Јотова и Радев договор нема. Освен ако кај нас не дојде на власт некој нов Заев. А тоа време помина. За да не биде само Бугарија извор на национализам на Балканот се погрижи и Косово. Овој протекторат, се закани дека ако на 16 септември водачите на УЧК на чело со Хашим Тачи бидат осудени во Хаг, ќе гори и Македонија. Народ со вакви соседи треба да се треба да се плаши за својата иднина.

Исланд на референдум се изјасни дека не сака во ЕУ. Среќа што ние го послушавме Заев на референдумот во 2018-та кој нели беше успешен па во мај 2020 година станавме полноправна членка на ЕУ. Ех Исланд, да имаше ваков лидер…

Поврзани вести