Skip to main content

Песков: Путин е подготвен за контакт со Трамп, Москва чека сигнали

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за контакт со американскиот претседател Доналд Трамп, Москва чека сигнали и навремено ќе ја информира јавноста за можниот разговор, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Путин е подготвен, чекаме сигнали, сите се подготвени – рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали за викендот очекува контакти меѓу претседателите на Русија и САД, додавајќи дека е „тешко да се предвиди“ што ќе се случи.

Песков, исто така, рече дека конфликтот во Украина произлегува од заканата за руската национална безбедност и целосното одбивање на Западот да ја слушне загриженоста на руската страна за заканите за Русите кои живеат на територии кои еднострано прогласија отцепување од Украина.

Поврзани вести