Skip to main content

Мотоциклистите веќе нема да можат да му бегаат на „Сејф сити“ – ќе ги „лови“!

Министерството за внатрешни работи нашло техничко решение за мотоциклистите кои камерите на „Безбеден град“ не можеле автоматски да ги идентификуваат, а ресорниот министер, Панче Тошковски, на прес-конференција соопшти дека новата опрема веќе открила околу 9 прекршоци за брзо возење за еден ден.

Имено, според информациите проблемот произлегувал од начинот на кој работат камерите, при што системот ја снима предната страна на возилото, додека регистарската табличка кај мотоциклите е одзади. МВР затоа поставило соодветна опрема на локации каде што имало најдобри технички услови.

Според Тошковски, првите резултати веќе покажале дека решението функционира.

-Го решивме и на дел од територијата на Македонија каде што првично сметавме дека има најдобри услови да се постават, ги поставивме и мислам дека, ако не се лажам, првиот ден имаме констатирано некаде околу 9 прекршоци за недозволена брзина – посочи Тошковски.

Воедно тој додаде дека претходно биле надминати и други проблеми со „Безбеден град“, меѓу кои биле поставеноста на камерите на одредени критични точки и идентификацијата на странските возила.

Поврзани вести