Skip to main content

МНР: Неточна информација е дека има оштетување и отстранување на табла на Амбасадата на Македонија во Софија

Во врска со информациите објавени во дел од медиумите, во кои се пренесува објава од социјалните мрежи за наводно оштетување и отстранување на официјалната табла на Амбасадата на Република Македонија во Софија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека станува збор за неточна информација-се вели во соопштението од МНР и НТ.

Имено, од страна на вработените во Амбасадата е отстранета таблата поставена надвор од објектот на Амбасадата, која не била изработена согласно со воспоставените стандарди на Министерството. Официјалните табли на Амбасадата, на кои името на државата е правилно испишано, се на своето место и се целосно во функција.

Министерството апелира при известувањето за прашања поврзани со дипломатско-конзуларните претставништва да се почитуваат фактите и информациите да се проверуваат преку официјални извори пред нивното објавување. Пласирањето и пренесувањето непроверени и неточни информации не придонесува за објективно информирање на јавноста и непотребно создава погрешна претстава во јавноста.

Поврзани вести