Skip to main content

СДСМ правеше модуларни болници, Франција ќе прави модуларни затвори

Во Франција е поставен нов рекорд во бројот на затвореници откако се утврди дека во август имало 89.668 лица во затворите во оваа земја, објави француското Министерство за правда.

Бројот на затвореници е зголемен за 6,5 проценти на годишно ниво, а бројот на душеци поставени на под поради недостаток на кревети достигна 7.956, што е зголемување од 43,5 проценти во споредба со 1 август 2025 година, објави BFM.

Министерството за правда има за цел да отвори дополнителни 3.000 места во модурарните затвори што се поевтини и побрзи за градење, од кои половина треба да се отворат следната година.

Генералниот инспектор за затвори, Доминик Симоно, процени дека француските затвори се пренатрупани и дека изградбата на нови објекти нема да го реши проблемот.

„За да се апсорбира пренатрупаноста, би било потребно да се отвора по еден казнено-поправен центар на секои шест недели“, предупреди Симоно.

Поврзани вести