Skip to main content

Рома уште отсега е фаворит за освојување на скудетото

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, е задоволен од формата на неговиот тим што ја покажува на почетокто на сезоната. „Римската волчица“ синоќа го победи Лече со 4:0 во второто коло од италијанското првенство.

– Се чувствуваме добро и покрај жешкото време. Нашите подготовки се одвиваа во тешки услови. Ги рехабилитираме играчите кои играа на Светското првенство, како Коне и Мален. Пристигнаа нови играчи и чекаме утре да се затвори преодниот рок. Ми беше јасно дека оваа група е врвна. Почнавме рано оваа сезона. Тимот е во одлична форма, но делумно поради трансфер пазарот и делумно поради нередовното пристигнување на играчи од репрезентацијата, не можевме да се фокусираме на пријателските натпревари. Сите овие момци имаат и мозок и срце. Квалитетот и мускулите доаѓаат подоцна. Силата, како што реков, лежи во умот. Не секој натпревар може да оди вака, но овој тим е ментално силен. Кога можеме да дадеме 100%, знам дека момците ќе дадат 100 %, а не 99 %, изјави Гасперини за „Скај Спорт“.

Рома има шест бода од два натпревари и е прва на табелата во Серија А. На 5 септември ќе ја пречекаат Ататанта.

Во првото коло, Рома ја победи Фиорентина исто така со 4:0 и за прв пат во својата историја има осум постигнато и ниту еден примен во првите два натпревара од сезоната.

Поврзани вести