Skip to main content

Проверете дали телото добро ви функционира

Фрипик

Некои сосема обични работи што ги правиме секој ден можат да бидат корисни показатели за тоа како функционира нашето тело. Од стоење на една нога додека облекувате чорапи до станување од подот без да ги користите рацете – експертите издвојуваат неколку едноставни движења и навики кои можат да дадат слика за физичката состојба.

Повод за темата беше списокот на инфлуенсерот Џош Фрејзер Јанг, кој наведе неколку секојдневни сигнали што, според него, можат да укажат дека телото функционира добро.

Меѓу нив се облекување чорапи додека стоите на една нога, станување од подот без користење на рацете, цврсто стискање на тупаница, чувствување глад во приближно исто време и можност за длабок чучањ без кревање на петиците.

Сепак, лекарите предупредуваат дека овие способности не треба да се сфатат како медицински тестови.

Поврзани вести