Skip to main content

Вирусот западнонилска треска и во Загреб

Фрипик

Вирусот западнонилска треска е потврден во Загреб. Четири лица се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, додека две се на интензивна нега, објави Индекс.хр.

Западнонилската треска најчесто циркулира меѓу птиците и комарците, додека луѓето можат да се заразат со каснување од комарец кој претходно го зел вирусот од заразена птица. Вирусот е пронајден кај пет мртви врани на различни локации во Загреб, што, според експертите, укажува на значително присуство на вирусот во градското подрачје.

Податоците од Хрватскиот институт за јавно здравје покажуваат дека бројот на пациенти со западнонилска треска во Хрватска значително варира од година во година. Во набљудуваниот период, регистрирани се вкупно 120 пациенти и пет смртни случаи, при што најголем број случаи се случиле во 2018 година, кога 63 лица се разболеле, а четворица починале.

Поврзани вести