Skip to main content

Д-р Мерџановски: ТОАРИЛУЦ работи и во недела, пациентите мора навреме да ја добијат потребната грижа

Фејсбук профил на Игор Мерџановски

Во објава на Фејсбук, Мерџаноски посочува дека лично извршил две операции, а во работата биле вклучени анестезиолошкиот тим и тимот на Клиниката за трауматологија.

„И во недела – посветено работиме за нашите пациенти. Денес извршив две операции, како дел од активностите за намалување на листата на чекање“, напиша Мерџаноски.

Според него, работата надвор од редовното работно време веќе станува вообичаена практика во Клиниката, а докторите и останатиот медицински персонал доброволно доаѓаат и во своето слободно време.

Нашите доктори и останатиот медицински персонал доброволно доаѓаат и во слободното време, со една заедничка цел – пациентите навреме да ја добијат потребната здравствена грижа“, наведува директорот на ТОАРИЛУЦ.

Мерџаноски упати благодарност до докторите, анестезиолозите, медицинските сестри, техничарите и останатиот персонал за, како што вели, нивната професионалност, пожртвуваност и човечност.

Сè за пациентите. Нема застој – продолжуваме посветено“, порача тој.

Поврзани вести