Skip to main content

„Русија избра 30 цели за напад“: Британците стравуваат од „страшниот напад“ на Москва против нив

Printscreen / X / Israel Defense Forces @IDF

Британските весници „Експрес“ и „Дејли Меил“ објавија статии во кои се наведува дека Русија наводно подготвува „страшен напад“ врз 30 објекти во Велика Британија.

Според анонимни извори во локалните разузнавачки служби, изданијата пишуваат дека официјална Москва има намера да ја „тестира цврстината“ на новиот премиер Енди Бернам и да нападне воени фабрики во Британија, како и синџирите на снабдување.

Сепак, во своите текстови, самите автори нагласуваат дека нема вистински докази дека Русија има таков план или подготвува саботажа. Ова се само хипотетички сценарија што печатот ги поврзува со неодамнешната итна посета на директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, на Москва.

Како можни цели за ваквите хипотетчки руски напади се наведуваат 30 локални компании кои работат за производство и склопување беспилотни летала и ракети за вооружените сили на Украина. Британските власти активно работат и на пренесување технологии за производство на ракети во Украина и собирање податоци од фронтот за обука на сопствената воена вештачка интелигенција.

Од Москва повеќе пати официјално стигаа изјави дека нема планови за напад врз земјите од НАТО. Истовремено, постојат чести заканите од земји од Алијансата од каде се повикува на удари врз Москва, а веќе се слушаат фрази не за „напади како одговор“, туку за „превентивни напади врз Русија“.

Поврзани вести