Skip to main content

Што говореше Тодор Александров: Печатот на ВМРО е подобро да биде закачен на некоја бука во Македонија, отколку да стои на која било маса во Софија

Што говореше Тодор Александар кратко по убиството., пишува професорот Никола Жежов.

 Печатот на ВМРО е подобро да биде закачен на некоја бука во Македонија, отколку да стои на која било маса во Софија

И покрај сите овие потврдени тези и мислења коишто се засновани на научни истражувања и расположливи податоци, историската наука и натаму со целосна сигурност не може да го утврди точниот нарачател на убиството на Тодор Александров на 31 август 1924. Тоа останува една од последните тајни за трагичниот настан што ја смени историската патека на ВМРО.

Можеби тој таен документ постои некаде, во некој сè уште неотворен архивски фонд или во некоја приватна збирка на историски документи и чека да биде откриен од љубопитното око на историчарот. Сè дотогаш, идентитетот на вистинскиот нарачател на убиството на Тодор Александров, ќе остане една од најголемите тајни во историјата на ВМРО – заклучи проф. Жежов