Skip to main content

Во претседателската вила во Охрид се одржа регионална средба на директори и претставници на националните филмски центри

Во претседателската вила во Охрид се одржа регионална средба на директори и претставници на националните филмски центри, посветена на зајакнување на соработката, развојот на меѓународните копродукции и создавањето нови регионални иницијативи.

На средбата, покрај директорот на Агенцијата за филм Сашко Мицевски, присуствуваа и:

▪️Маја Вучиќ (Maja Vučić) – Хрватска, заменик-директорка на HAVC

▪️Јонид Јорги (Jonid Jorgji) – Албанија, претставник на Националниот центар за кинематографија

▪️Петар Д. Тодоров (Petar D. Todorov) – Бугарија, директор на Националниот филмски центар

▪️Блерта Зекири (Blerta Zeqiri) – Косово, директорка на Косовскиот кинематографски центар

Во фокусот беа подобрата координација на билатералните и мултилатералните копродукции, размената на искуства и создавањето нови можности за филмските автори и професионалци од регионот.

На средбата беше претставена и иницијативата на Агенцијата за филм, Македонија да биде домаќин на регионален настан посветен на жените во кинематографијата во 2027 година, идеја што претседателката ја поздрави, со можност настанот да се одржи под нејзино покровителство.

Поврзани вести