Skip to main content

Маја Оџаклиевска се придружува на дрим тимот на Macedonian All Stars со Jose Carreras

На 1 септември не’ очекува сигурно еден од најголемите музички проекти во историјата на Македонија!

На овој историски настан се придружува и македонската легенда Маја Оџаклиевска!

Па така, Маја Оџаклиевска, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски, Ана и Игор Дурловски како македонски дрим тим, заедно со големиот José Carreras гарантираат спектакл кој ќе ги обедини сите генерации во чест на еден од најзначајните датуми во Македонија, на 1 септември на Градскиот плоштад во Скопје!

Настанот ќе се одржи на Плоштад Македонија и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија.

Поврзани вести