Skip to main content

Фолкландските Острови се и ќе останат британска територија, соопшти Британската влада

Oskar Młodziński from Pixabay

Британската влада денеска соопшти дека Фолкландските Острови се и ќе останат британски, и покрај извештаите дека Соединетите Американски Држави би можеле да се спротивстават на британскиот суверенитет над таа територија.

„Ставот на Обединетото Кралство во врска со Фолкландските Острови е долготраен и непоколеблив. Тие се и ќе останат британска прекуокеанска територија, во согласност со желбите на жителите на тие острови“, изјави портпаролот на британската влада.

Тој потсети дека „жителите на островот постојано ја изразуваат својата желба да останат британска прекуокеанска територија“ и порача дека нивното право на самоопределување е од првокласно значење.

Поврзани вести