
Обилни дождови проследени со силен ветер и град денеска предизвикаа големи штети во земјоделството и зградите во северозападниот дел од Босна и Херцеговина и во Поткожарје, објавија медиумите во Бања Лука.
Дождови и силен ветер имаше на подрачјето на Бања Лука и Лакташ. Во Прњавор, на околу 40 километри од Бања Лука, некои улици немаат електрична енергија.
Републичкиот хидрометеоролошкиот завод и за попладнево најави врнежи од дожд со грмежи.

Македонски


