Skip to main content

Спектакуларен музички настан наскоро во Скопје: Хозе Карерас и македонскиот „дрим тим“ на Плоштад Македонија

По повод одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија, на 1. септември на Градскиот плоштад во Скопје ќе се одржи еден од најголемите музички проекти во историјата на земјата.

Светски познатиот шпански тенор Хозе Карерас ќе настапи заедно со Македонската филхармонија и елитната домашна естрадна и оперска постава, соопштија од Авалон Продукција. 

На сцената ќе настапат Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Маја Оџаклиевска, Каролина, Калиопи, Влатко Стефановски, Ана и Игор Дурловски, обединети во македонскиот музички „дрим тим“.

Настанот ќе се одржи на Плоштад Македонија и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија.

Поврзани вести