Skip to main content

Предлогот на Марта Кос за постепена интеграција ќе го намали просторот на Бугарија за ставање вето

Еврокомесарот Марта Кос ја нагласи потребата од промена на процесот на проширување поради промените во светот.Се очекува Европската комисија да го објави својот предлог кон средината на октомври

Новиот модел на проширување на Европската Унија (ЕУ), чие конечно објавување се очекува кон средината на октомври, носи тектонски промени за земјите-кандидатки. За Maкедонија, „постепената интеграција“ и намалувањето на правото на вето на земји како Бугарија и Грција би можеле да бидат билет за забрзан влез во европскиот систем.

Предлогот се базира на четири клучни столба

Постепена интеграција: Принципот „сè или ништо“ е тешко применнил. Земјите-кандидатки треба да почувствуваат опипливи придобивки дури и пред полноправно членство (како што е влегување во системот за плаќање SEPA или поврзување со енергетската мрежа).


Построга контрола на кандидатите: Се воведуваат посилни механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото за да се спречи назадувањето на новите членки и влегувањето на „тројанските коњи“.


Побрзо донесување одлуки во ЕУ: За ЕУ со над 30 членки да функционира ефикасно, се предлага да се намалат областите во кои една земја може да стави вето, што би се имплементирало без долги измени на официјалните договори.


Заштита на интересите на ЕУ: Брисел мора внимателно да анализира како приемот на нови членки ќе влијае на постојните држави и да се заштити од потенцијални ризици.

Mицкоски: Засега нема нови критериуми за членство во ЕУ

Нема нови критериуми кога станува збор за пристапување на земјите кандидати кон ЕУ, сега за сега.​ Изјавата на еврокомесарката Марта Кос е дадена во поинаква конотација и таа не се однесува на Македонија како држава. ​Ние имаме целосно усогласена безбедносна и надворешна политика со Европската Унија. Работиме на реформската агенда и ќе направиме сè да бидеме најдобри на тој план како и досега – вели премиерот Христијан Мицкоски.

– Нема нови критериуми кога станува збор за пристапување кон ЕУ на земјите кандидати, сега за сега. ​Ќе видиме што ќе се случува понатаму. Има неколку предизвици што се пред нас не само како држава туку и на самата Европска Унија. ​Изјавата на еврокомесарката е дадена во поинаква конотација и таа не се однесува на Македонија како држава. ​Ние имаме целосно усогласена безбедносна и надворешна политика со Европската Унија. Имаме апсолутно целосна доверба во рамките на Европската Унија – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на договорот за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод Македонија – Србија.

Поврзани вести