Skip to main content
Доктрина за турскиот суверенитет во Црното и Егејското Море, како и источниот Медитеран

Турција порача дека без компромис ќе ги брани своите права во „сината татковина“

Турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз, за ​​време на посетата на фестивалот за воздухопловство и технологија „Технофест“ во Истанбул, порача дека „доктрината за сина татковина“ сега е поважна од кога било за безбедноста на Турција.

Во изјавата, Јилмаз истакна дека турските права и интереси во „сината татковина“ ќе бидат заштитени без компромис.

„Сината татковина“ е турска геополитичка доктрина и поморска стратегија насочена кон воспоставување на турскиот суверенитет во Црното Море, Егејското Море и источниот Медитеран.

Поврзани вести