
Денеска присуствував на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце, напиша на социјалните мрежи премиерот Мицкоски.
По нешто повеќе од 20 години започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце, овој проект станува реалност. Ветувањето што го дадовме на почетокот на мандатот денес почнува да се остварува, а особено сум задоволен што македонска компанија ќе ги изведува градежните работи, што значи дополнителна вредност за македонската економија и повеќе работни места за нашите граѓани.
Кога градите улица, кога градите пат, кога градите автопат, вие градите иднина. Ние денес почнуваме да градиме иднина за нашите млади, преку капитални проекти и дела што ќе ја одредат иднината на државата и ќе создадат услови младите својата иднина и своите семејства да ги градат тука, во сопствената татковина

Македонски


