
Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува, во однос на изборите јасен му е епилогот, затоа и бега од соочување со граѓаните, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, појаснето како реакција на прес-конференција на Венко Филипче.
Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, тоа го прави на секое негово појавување во јавноста.
Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред медиумите и му ја создава перцепцијата, а Филипче како негов следбеник, истото го повторува.
Тука можеме директно да му порачаме дека јасен демант за неговите лаги се официјалните статистики кои го спроведува во јавноста Државниот завод за статистика.
Во однос на изборите, единствен човек во државата кој не сака избори и бега од нив е Венко Филипче и талогот од СДС. Од месечината се гледа дека јасно му е и на него и на талогот, каков дебакл ќе доживеат и како ќе бидат поразени од граѓаните.

Македонски


