
Некогашниот вицеремиер Артан Груби денеска во својство на обвинет за случајот “Лотарија”. Груби во Кривичниот суд дојде кога фоторепортерите и новинарите веќе беа влезени внатре. Видливо ослабен, не комуницираше со никого освен со своите бранители.

Тој и уште шестмина се обвинети за делото „Злоупотреба на службена положба“ за која е предвидена казна затвор од една до пет години. Првообвинетиот Перпарим Бајарами е во бегство па него го застпуваше адвокатот Еленко Миланов.


На денешното рочиште на обвинетите им беа доставени доказите од обвинителниот акт.

Македонски


